Не живеам за...

Живееме бидејќи мораме, но таа обврска не мора да ни претставува тежина и причина поради која ќе се чувствуваме незадоволно од нашиот живот.

ne-ziveam-za-1

Доколку го гледаме животот на позитивен начин и го претвориме во обврска која обожаваме да ја извршуваме тогаш ќе сфатиме дека треба повеќе да живееме за да бидеме среќни, а да не живееме за другите.

Секој треба да има барем неколку правила кои ќе го потсетуваат за што треба, а за што не треба да живее.

Јас имам неколку:

- Не живеам за да ги исполнувам желбите на сите околу мене, не сум златна рипка.

- Не живеам за да патам од сиромаштија, јас заслужувам богатство и ќе се потрудам истото да го добијам.

- Не живеам за да ги трпам лажните пријатели кои ќе ме озборуваат позади грб и ќе ме туркаат кон дното.

- Не живеам за да ги задоволам барањата на колегите на работа, доволно е да ги задоволам барањата на шефот, бидејќи тој ме плаќа, а не тие.

- Не живеам за да се одмаздувам, животот е тркало, а кармата сепак постои.

- Не живеам за да давам безброј шанси на луѓе кои не знаат да ги искористат, бидејќи единствено втората шанса е важна кога си ја даваме себеси.

- Не живеам за да апстинирам, јас сум личност која сака секс и не се срами тоа да го побара од партнерот или да побара партнер кој ќе и го пружи тоа задоволство.

- Не живеам за да имам несреќен живот, јас заслужувам среќа, љубов и благосостојба.

- Не живеам за да ги сонувам своите соништа, живеам за да ги остварам!

За што не живеете вие?

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg