Иако соновите се поубави од реалноста, разбудете се, нема да се остварат сами!
Секојдневно живеете во иста рутина, ги извршувате истите обврски, а пред да заспиете, откако ќе ја ставите главата на перница го визуелизирате вашиот живот, каков би бил тој доколку ги остварите своите соништа.
Потоа заспивате и визуелизацијата преминува во вистински сон кој ви изгледа толку реален бидејќи го посакувате со силен интензитет, но кога ќе се разбудите сфаќате дека навистина бил само сон, а вие мора да започнете да се спремате за на работа тоа утро.
Зошто не ги превземете овие чекори и да започнете да ги остварувате своите соништа додека се уште имате време?
Разбудете се!
Прво треба да се разбудите од соништата и заблудите во кои живеете мислејќи дека имате време да ги остварите вашите вистински соништа. Немате време, времето е сега, во овој момент!
Направете план
Откако сфативте дека немате време, потсетете се на сето она што сте сакале да го направите, а сте немале храброст или доволно мотивација. Потоа направете прецизен план како да го постигнете сето тоа и од каде би започнале.
Започнете да формирате стратегија
Откако планот е смислен, заедно со резервниот во позадина, без разлика дали ќе биде на ливче хартија или когнитивно, формирајте стратегија, чекор по чекор како ќе се движите и што ќе преземате за да ги остварите соништата.
Доколку наидете на нешто непознато за вас, прифатете го ризикот. Понекогаш е потребно да направите нешто што го немате направено за да го добиете она што го посакувате.
Обезбедете капитал за реализација
Доколку вашите соништа се поврзани со пари или пак ви е потребен капитал за да ги остварите, прво потпрете се на себеси, доколку не го поседувате капиталот верувајте дека за кратко време ќе го обезбедите. Доволно е само да посакате тоа да го направите, а изворот сам ќе се појави, бидејќи универзумот сака да ги исполните своите соништа.
Бидете спонтани и непредвидливи
Откако сте го обезбедиле капиталот, го држите планот во раце или го зграпчувате со мислите и веќе сигурно сте почнале да се движите според стратегијата. Сега е време да го преземете ризикот од непознатото, да бидете спонтани и непредвидливи, следејќи ја интуицијата и срцето кои ќе ве однесат на врвот.
Уживајте на врвот!
Сте постигнале сè што сте посакувале и сега сте на врвот на вашите соништа од каде погледот е неверојатен. Уживајте во тој поглед и не престанувајте. Веднаш започнете да остварувате нови соништа, бидејќи сега знаете дека само небото е ваша граница!
И запомнете, доколку планот А не ви успее, азбуката има уште 30 букви кои ви стојат на располагање...
Би можело да ве интересира:





