Најголемите предрасуди за жените:Ако жената излезе сама - изневерува, кога мажот го прави истото - има право на слобода

Борбата за превласт во светот помеѓу мажите и жените ќе остане вечна поради бројните предрасуди за жените кои мажите ги имаат, а и самите жени ги прифаќаат.

pogresni-svetski-predrasudi-za-zenite-01.jpg

Ова се тие предрасуди кои не се точни и кои девојките мора веднаш да ги елиминираат, бидејќи тој што сака да го промени светот мора да започне прво од себеси.

- Ако мажот јаде премногу е гурман, жената е ненаситна.

- Ако мажот е супер скоцкан во нов костум тој е успешен, а жената сигурно има богат маж кој и овозможува луксуз.

- Мажот разговара со пријателите, жената не знае ништо друго освен да озборува.

- Кога жената ги менува често партнерите или не знае што сака или е неморална, мажот кога го прави истото е заводник.

- Кога жената има 35 години и не е во брак, нешто и фали, а мажот се уште ја нема пронајдено вистинската.

- Ако жената излезе сама, изневерува, кога мажот го прави истото тоа е негово право на слобода.

- Ако мажот има брчки и побелена коса, тој е секси, а жената стара личност која не се грижи за изгледот.

- Ако жената е мажот во куќата, таа е пребирлива и тешка, во спротивно мажот е тој што би требало да го прави тоа, да биде "газда" на куќата.

- Ако жената оди на интервју за работа, секогаш флертува и се средува божем сака да го заведе шефот, а кога мажот оди среден на интервју тоа значи дека се грижи за себеси.

- Ако таа има намуртен изглед на лицето, тогаш има некој проблем, а тој сигурно е сериозен човек.

- Ако маж запали цигара на улица, тоа е секси и привлечно, жената доколку го направи тоа е лесна жена која бара внимание.

- Ако жената има вишок килограми е дебела, а мажот е елегантно пополнет.

- Ако жената напредува во кариерата, тоа го прави преку кревет, а мажот во истиот случај е способен и паметен.

Имате ли нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg