20 знаци дека ви се потребни големи животни промени
Единствениот начин да внесете позитивна промена во својот живот, е да донесете одлука за истата.
Никој не може, ниту пак некој би се обидувал да ве убедува или да ве натера да направите промена.
Промените се составен дел од животот и на нив треба да гледате како позитивно искуство кое ќе ви го збогати животот.
Ако се препознаете барем во половина од овие 20 реченици - време е да промените нешто уште денес!
1. Секоја недела сте нервозни заради почетокот на работната седмица.
2. Сите ситници започнуваат да ви пречат.
3. Се чувствувате како сите да грешат и да не се во право.
4. Гледате среќни фотографии од други луѓе и во вас се создава чувство на љубомора.
5. Се лутите кога некој ќе ви каже да се смирите.
6. Често укажувате на туѓите маани.
7. Се нервирате заради разговори и состаноци кои сте ги имале во минатото.
8. Уште чувствувате горчина заради претходните проблеми во вашиот живот.
9. За да го елиминирате секојдневниот стрес, на крајот од денот консумирате алкохол.
10. Деновите ви поминуваат во исчекување на настани кои треба да се случат во далечната иднина.
11. Не можете мирно да седите.
12. Секогаш се споредувате со другите.
13. Константно сте во заострени односи со луѓето со кои работите или соработувате.
14. Имате многубројни очекувања од луѓето во вашиот живот, но тие не се исполнуваат.
15. Се чувствувате уморни штом станете од кревет.
16. Се плашите дека засекогаш ќе останете сами.
17. Си кажувате себе дека вашите соништа се само соништа и дека треба да се навикнете на моменталниот живот, без разлика каков и да е.
18. Ги озборувате пријателите и не се радувате на нивните успеси.
19. Често се прашувате: „Дали е ова тоа?”
20. Се чувствувате како да носите огромен товар.
Во колку се препознавте?
Би можело да ве интересира:





