Кога проблемот го оставате нерешен, создавате траен проблем

Многумина се навистина способни да ги идентификуваат проблемите во својата околина, а штом еден проблем се препознае, тој е веќе половина решен. И тука започнува неволјата...

koga-problemot-go-ostavate-neresen-sozdavate-traen-problem-1

Наместо својата енергија и сила да се насочува кон решавање на проблемот, некои се однесуваат потполно поинаку: на проблемите им даваат дополнителна сила. Па така, проблемот никогаш не е решен, а резултатот е друштво во кое сите ги знаат проблемите, но никој не е во состојба да ги реши до крај.

Само завртете се околу себе и ќе ви стане потполно јасно. Но, запрашајте се во што е проблемот?

koga-problemot-go-ostavate-neresen-sozdavate-traen-problem-2

Проблемот е во нашите мисли, односно во нашата неспособност да донесеме искрени одлуки кои ќе нè натераат да делуваме. Одлуките кои нè следат не се одлуки како такви, туку самозалажување.

Успешните луѓе, а под успех не се подразбира само стекнување на богатство или успех на работно поле, поминуваат 5% од своето време на утврдување на проблемите, а 95% од времето го користат за нивно решавање.

Основната причина заради која поголемиот дел од луѓето никогаш не ги остваруваат своите потенцијали е заради тоа што никогаш не го насочуваат своето внимание и сила на решавање на проблемот.

koga-problemot-go-ostavate-neresen-sozdavate-traen-problem-3jpg

Тестирајте се самите: Изберете еден мал проблем во животот, привремено заборавете на сѐ останато и бидете упорни додека не го решите. Кога ќе го решите, ќе ви се случи интересна работа. Тогаш дури и оние сложените проблеми, нема повеќе да ви изгледаат сложени и тешки за решавање, напротив на сите проблеми ќе им го ставите крајот. 

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg