Како се снаоѓаат русокосите, црнокосите, црвенокосите и бринетите во бизнис светот?
Стереотипите и предрасудите се насекаде околу нас. Па така, за русокосите не ретко ќе чуеме дека се глупави, црвенокосите страсни, а бринетите здодевни.
Во многу ситуации, токму бојата на косата кај соговорникот предизвикува одредени потсвесни емоции и заклучоци, но дали навистина има влијание врз развојот на вашата кариера?
Бојата на косата открива многу повеќе, проверете дали ќе се пронајдете:
1. Црвенокосите се борбени и креативни
Црвенокосите ги следи репутација на страсни и темпераментни заводници, кои освен што се креативни, тие и не се плашат да го кажат своето мислење. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека само 13% од директорите би одбрале црвенокоса кандидатка, која сигурно брзо би напредувала благодарение на нејзината остроумност.
2. Русокосите се секси и искрени
Освен што русокосите се претставени како секси икони, за нив важи мислењето дека повеќе се забавуваат од сите останати. Иако ги следи репутацијата на „глупави русокоси”, истражувањата покажуваат дека токму тие доминираат на политичката сцена и се фокусирани на своите цели.
3. Бринетите се работливи и одговорни
Околината најчесто ги перципира како паметни и сигурни во себе, односно со други зборови - одлични кандидатки за работа. Кога работодавецот би морал да одбере кандидатка според бојата на косата, дури 67% велат дека би одбрале бринета. Истражувањата покажале дека тоа не е заради фактот што тие важат за попаметни, туку се работливи и одговорни.
4. Црнокосите се паметни
Кога зборуваме за стереотипи врзани со бојата на косата, тука секако спаѓа и мислењето за црнокосите, за кои често се вели дека се стручњаци за финансии. Освен тоа, овие жени се паметни и размислуваат „надвор од кутијата”. Секогаш добро размислуваат за сите детали и одговорите ги бараат длабоко во себе.