Како да ја спасите облеката која ви се собрала при перењето?

Сигурно ви се случило да ставите во машината за перење  облека со една големина, а да извадите сосем друга. Само ако наместите погрешна температура, облеката може да им одговара само на вашите кукли.

kako-da-ja-spasite-oblekata-koja-vi-se-sobrala-pri-perenjeto-01

Но, пред да помислите да ја фрлите, добро е да ги знаете  чекорите од постапката  со која може да ја спасите.

1. Во еден сад сипете топла вода и во неа додадете еден филџан бебешки шампон.

2. Смалената облека ставете ја да отстои во таа вода, а повремено нежно протривајте ја за да се опушти материјалот.

3. По половина час извадете ја облеката од вода, но без да ја цедите со извртување, туку само благо стиснете ја за да излезе вишокот вода.

4. На рамна површина раширете еден пешкир и на него ставете ја облеката, па замотајте го пешкирот за да впие повеќе вода.

5. Оставете ја така завиткана да отстои околу 20 минути, а потоа одмотајте го пешкирот.

6. Раширете нов, сув пешкир и во него нежно истегнете ја облеката до каде што можете.

7. Оставете ја облеката да се исуши на пешкирот.

8. Доколку не сте задоволни од резултатот, повторете ја постапката.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
8 знаци дека облеката е неквалитетна (и ќе се уништи по 2-3 носења) Џемпери кои имаат повеќе акрил отколку природни материјали и несиметрични џебови...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg