Погледнете што се случува во пештерата во Либан, кога снегот започнува да се топи
Иако на многумина овие фотографии ќе им изгледаат како дел од филмски сет, сепак овие ексцентрични пештери се дел од природата, а погледнете што се случува кога снеговите започнуваат да се топат.
Пред самиот почеток на пролетта, токму на ова место се создава фантастичен водопад кој ги остава без здив посетителите кои се нашле на ова прекрасно место во Либан.
Веќе 160 милиони години стопената вода од планината Либан, паѓа од 250 метри височина и создава прекрасен водопад.
Кога ќе стигнат до таму, туристите се обесхрабруваат да застанат на некои од мостовите или да се доближат блиску до краевите од оваа пештера. Постои опасност од тоа да се лизнете, но и мостовите можат да се распаднат од тежината на премногу посетители.
Но, сепак кога ќе застанете спроти нив, ќе се опиете од прекрасниот звук на стопената вода и глетката во несекојдневниот пејзаж.
Исплакнете ги очите со оваа прекрасна и единствена убавина, подарена од природата: