Славните спортисти позираат голи за да нè убедат да си го сакаме своето тело
Познатиот спортски канал и магазин ESPN шест години по ред редовно објавува разголени фотографии на познати спортски личности. На тој начин тие покажуваат дека го прифаќаат своето тело онакво какво што е.
Ретко кој од нив има идеални пропорции, но пораката која ја испраќаат е дека никој не треба да се срами од своето тело. Во ова издание како главна ѕвезда се појавува тенисерката Венус Вилијамс.
Венус Вилијамс
- Сјоргеновиот синдром за мене беше искуство кое ми го промени животот. Не можам да кажам дека уживав во него, но зајакнав и излегов како победник.
Коко Хо, сурферка
- Да се биде силна жена е убаво и женствено . Кога се занимавате со сурфање, секогаш сте во бикини и сите ве критикуваат. По натпреварот повеќе коментари ќе слушнете за тоа кој како изгледал, отколку за сурфањето.
Хилари Хајт, хокејарка
- Се гордеам со тоа што истовремено сум и мускулеста и женствена. Некогаш мислев дека тоа не е можно. Жените најчесто немаат самодоверба и си ја намалуваат сопствената вредност. Убаво е да се биде фит, здрава и да се чувствуваш пријатно без оглед на тежината и обликот на телото.
Џејми Андерсон, сноубордистка
- Мислам дека не сум типична девојка со цврсто мускулесто тело. Но тоа е она што го прифаќам на себе. Се чувствувам добро, но секогаш знам дека можам да бидам подобра.
Ејми Пурди, сноубордистка
- Никогаш не се навраќав на повредата и не се прашував зошто јас. Тоа што силата на телото ме доведе до ова што сум денес ме прави посебно горда. Горда сум и на моето здравје.
Ејнџел Мекаутри, кошаркарка
- Израснав со големи стапала. Купував помали чевли и ги стискав нозете во нив, само за луѓето да не ми зборуваат дека имам огромни стапала. До ден денес жалам за тоа.
Уште 6 разголени спортисти на следната страница...