Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето се дружат меѓусебно?
Луѓето во текот на целиот свој живот трагаат по пријатели во сите животни ситуации. Во своето работно окружување наоѓаат колеги, додека пак надвор од работата склопуваат нови пријателства, а една од најголемите мисии е пронаоѓањето на интимен партнер, односно животен сопатник.
Некои од овие односи завршуваат брзо, а други пак траат цел живот. Некои умеат да не исполнат, а другите фрустрираат и нервираат, но сепак луѓето не се откажуваат со потрагата. Тие сакаат да се дружат и да го исполнуваат својот живот ширејќи ја мрежата на пријатели.
Но дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така и зошто луѓето се дружат?
Општо гледано, луѓето се склони кон дружењето, меѓутоа постојат околности и ситуации кои ја засилуваат таа желба, па погледнете кои се тие:
Кога луѓето сакаат да се дружат?
Кога луѓето се наоѓаат на некој радосен и среќен настан, на пример на некоја свадба тие сакаат да се дружат со останатите и да ја споделат својата позитивна енергија. Среќата е поголема, кога ја споделувате со некој друг.
Другата ситуација е кога на луѓето им се заканува некоја опасност и кога поединецот е исплашен, тогаш тој сака да има со кого да го сподели стравот бидејќи истиот се намалува. Спротивно на ова, постојат поединци кои кога се нервозни или се наоѓаат во некоја незгодна ситуација, сакаат да се изолираат. Тоа може да се случи кога поединецот сака да се концентрира или кога се обидува да реши некоја задача, проблем.
Зошто луѓето се дружат?
Луѓето се дружат заради социјалните споредби, односно сакаат да ги осознаат реакциите на другите луѓе за да проверат дали сопствените реакции им се примерни. Потрагата по информации е уште една причина зошто луѓето се дружат. Односно кога имаме доволно информации околу некоја работа, тогаш сме посмирени знаејќи што точно не очекува.
Што се случува кога не се дружиме?
Недостатокот од дружењето и неможноста да се задоволат социјалните односи резултира со осаменоста. Постојат два типа на осаменост, првиот се појавува заради недостаток од интимен партнер, додека пак вториот тип е социјалната изолација.