Магични употреби на солта кои мора да ги знаете

Освен како додаток во храната, овој зачин има уште многу употреби кои целосно ќе го променат ликот на вашата кујна.

magicni-upotrebi-na-solta-koi-ne-ste-gi-znaele-1-.-jpg

Солта го извлекува лошиот мирис на садовите, го олеснува лупењето на варените јајца и се користи за зачувување на свежината од намирниците.

Во садот од сирењето додајте солена вода и на тој начин вашето сирење подолго ќе трае и ќе биде заштитено од мувла.  

Посолувањето на тропското овошје е вообичаено во топлите краеви ширум светот. Додајте малку сол на зрелите круши, дињи или лубеници и така ќе ја истакнете сочноста од овошјето. Освен тоа, пред да пржите месо или компири најдобро е пред да ги ставите во загреаното масло да ги посолите. Затоа ако сакате крцкав помфрит, посолувајте го пред пржењето или отпосле, а не во текот на готвењето.

Солта е природен конзерванс и можете да ја искористите за подолго зачувување на свежите намирници. Откога ќе отворите млеко или млечен производ додајте неколку зрна сол и неговиот рок и свежина ќе се зголемат.

Погледнете ги другите бенефиции на солта:

magicni-upotrebi-na-solta-koi-ne-ste-gi-znaele-1

 Без прскање на маслото

Пред да започнете да го пржите месото или компирите во тавата додајте малку сол и на тој начин ќе го спречите прскањето на маслото.

Извадете ја горчината од зеленчукот

Горчливите краставици и тиквички оставете ги во посолена вода десетина минути, а потоа пребришете ги со крпа.

Подобар мирис

Во пластичните садови за храна додајте сол за да го спречите ширењето на непријатната миризба.

Лесно лупење на јајцата

Во водата во која ги варите јајцата додајте лажичка сол и јајцата ќе можете да ги излупите побрзо од вообичаеното.

Чистење за миг

Зеленчукот кој потешко можете да го исчистите ставете го вода со сол неколку минути, а потоа измијте го.

Поубави оброци

За да ја зачувате зелената боја од зеленчукот, а особено кај броколата,во тенџерето кое ги варите додајте сол. 

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg