Како да ги спакувате кошулите без да ги истуткате? (фото)
Стутканата кошула навистина знае да не извади од такт кога ќе се отпакува од куферот додека сме на одмор.
Ретко кој со себе носи пегла за облека или пак сака да си го губи времето во пеглање наместо да се забавува тие неколку денови.
Овие три методи се доста практички и едноставни, а вашите кошули ќе изгледаат пеглано и уредно. Затоа пред да почнете со пакувањето, вреди да ги испробате:
Сега сигурно се прашувате кои од овие три методи е најефикасен за вашата кошула да не се истутка и да остане испеглана додека трае патувањето.
За жал, не постои метод кој 100% ќе гарантира дека на вашата кошула нема да се појават некои нерамнини, бидејќи туткањето зависи од некои причини плус:
- Материјалот на кошулата.
- Колку долго ви стои облеката спакувана, односно времетраењето на патување.
- Колку багаж носите со себе. Помалку гардероба овозможува повеќе простор во куферот, а тоа значи поголема заштита од туткање.
Сепак како најдобар начин на пакување се издвојува третиот метод, односно пакување на кошулите во ролна.
Дали некои од овие начини сте ги пробале до сега и кој од нив го сметате како најефикасен?