Би се качиле на најбрзиот ролеркостер во светот?
Адреналинските зависници ќе бидат воодушевени од оваа понуда, затоа што сега имаат можност да го испробаат најбрзиот, највисокиот и најстрмниот ролеркостер во светот.
Дрвениот тобоган Голијат, кој собори 3 светски рекорди започна со работа минатата недела.
Оние доволно храбрите кои веќе се впуштија во оваа авантура искусија какво е чувството кога се паѓа од висина од 55 метри, додека вагоните се движат со брзина од 116 километри на час.
Истовремено се пуштаат 2 реда вагони со по 24 седишта кои се пресретнуваат во возењето.
Потребни се само 1 минута и 15 секунди за посетителите да ги поминат сите спирали и вртења, вклучувајќи го едното кое ќе ве преврти наопаку.
Би се осмелиле да пробате?