Се сеќавате на девојчето од плазма бисквитите „Бамби“?
Сите пораснавме со плазма бисквитите „Бамби“. Долгата црвена кутија со слатко русокосо девојче и мала срничка беше препознатлива во продавниците.
Вкусно уживање и омилена детска храна. Децата најчесто се идентификуваат со ликовите од рекламите или производите.
Како што русокосото момче е заштитен знак за Киндер чоколатцата, така ова симпатично девојче е заштитен знак за „Бамби“.
Можеби некој од вас посакувал да биде на нејзиното место. Кога би ја знаеле и приказната и резултатот од сето тоа, сигурно би сакале да сте како Александра Бамбика Недошан.
Токму така, Бамбика е сè уште позната и препознатлива девојка. Ова девојче сега е пораснато и има 19 години, но прекарот кој ѝ го одбележал најубавото детство уште е дел од нејзиното секојдневие и со гордост го кажува.
Родителите, братот и момчето се меѓу ретките кои ѝ се обраќаат нагалено со Сашка, за сите останати таа е Бамбика.
Таа открива дека ѝ било драго што илјадници деца израснале јадејќи ги бисквитите од чии кутии им се смешкала токму таа.
-Се подготвувам да се запишам на Високата стручна школа во Земун и еден ден да станам физиотерапевт. Сакам да им помагам на луѓето.
Не сум размислувала да станам фотомодел, но ако добијам некоја интересна понуда, зошто да не – објаснува Александра.
Сè што се случувало додека била заштитно лице на плазма бисквитите се сеќава како да било вчера:
- На конкурс распишан во 1999 година се пријавиле над 2000 девојчиња. Мајка ми до последен момент мислеше дека е наместено, бидејќи меѓу нив имаше деца на политичари и бизнисмени.
Одеднаш во големото финале на „Музички тобоган“падна одлуката. На наше големо изненадување, жирито го прочита моето име.
Тој момент нема никогаш да го заборавам – додава Александра.
Таа сè уште е во контакт со некои од кандидатките. Раскажува дека нејзиното детство било како од бајка:
-Ме препознаваа на улица, во продавница, на море... Родителите добија пари и договор, но за мене беа поважни празниците и родендените.
Тогаш од фабриката ми стигнуваа подароци, а за родендените и до 50 kg од нивните производи. Слатките секогаш ги делев со сите.
Ми годеше што бев во центарот на вниманието, но исто така ми е драго што благодарение на родителите, не сум се вообразила – истакнува Александра.
Навистина слатко детство. Кој не би посакал да е на нејзино место?