Внимавајте! Овој петок сите ќе бидеме баксузни
Оваа година петок 13-ти доаѓа во комбинација со полна месечина и ќе ни донесе многу неволји, тврдат астролозите. Тие предупредуваат дека заради оваа баксузна комбинација треба да ги избегнете кавгите, да не работите и да не возите автомобил.
Овој петок месечината ќе биде во знакот на Стрелецот, што значи дека сите ќе бидеме претерано оптимистични и чувствителни. Ќе сонуваме за 3 милиони на лото, но нема да се упатиме по ливче, па тогаш ќе прочитаме дека некој извлекол седмица. Ќе бидеме вистински баксузи.
Меѓутоа, тоа ќе ни биде најмал проблем. Астролозите објаснуваат дека нема да имаме среќа сo ништо, а и цел ден ќе се расправаме со луѓето во наша близина.
Полната месечина на сите ќе ни создаде проблеми - ќе се скараме со најблиските, нема да се снаоѓаме баш најдобро на работното место, ниту во сообраќајот.
Баксузниот петок ќе ни донесе и мали проблеми во новите љубовните врски.
Ако планирате овој петок да изјавите љубов, тогаш тоа подобро да биде спектакуларно. Во спротивно не го правете тоа, можно е да помине со голем неуспех.
Астролозите исто така препорачуваат овој петок да се воздржите од поголеми, важни одлуки и од купување на стан, куќа, автомобил или техника.
И покрај тоа што не сте суеверни, овој петок играјте на сигурно и легнете си порано за да ги избегнете сите баксузи и расправии.