Храна која ќе ви помогне да не заспиете на работа

Во текот на работниот ден на сите ни се случува оној период кога главата ни паѓа, мислите лутаат, а сонот ни ги затвора очите.

hrana-koja-ke-vi-pomogne-da-ne-zaspiete-na-rabota-01

Оваа криза е типична за мирното попладне на работното место, и не грижете се - не сте единствени.

Поголем дел од вработените во канцеларија околу 14 часот започнуваат да размислуваат за брзите решенија - кафе и чоколадо.

Но, трикот за избегнување на оваа криза лежи во мудрото планирање. Препорачливо е однапред да го испланирате дневното мени, а ако веќе се прејадовте за ручек, еве како да си помогнете:

1. Важно е да избегнувате слатки полни со шеќер. Тие ќе ви дадат моментална енергија, а по само 1 час ќе ве успијат дополнително. Решението се крие во јаткастите плодови - ореви и бадеми.

2. Со само 80 калории и многу протеини, едно тврдо варено јајце може да ве разбуди во наредните 3-4 часа без да чувствувате глад.

3. Боровницата е неверојатно здраво овошје кое прави чуда за вашата концентрација. Во свежа варијанта или како сок, добро е да внесете било што што содржи боровинка, наместо друго овошје.

4. И покрај тоа што содржи шеќер, темното чоколадо со голем процент на какао содржи флавоноиди кои позитивно влијаат на крвниот притисок и концентрацијата.

5. Мирисот и вкусот на портокалот е уште еден трик кој може да го замени кофеинот. Не е лошо да каснете неколку парчиња портокал пред 14 часот, односно пред да ве фати работната дремка.

Би можело да ве интересира:

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg