Топ 10 мистерии кои никогаш нема да ги сфатите за време на авионскиот лет
Повеќето сакаат да летаат со авион и го обожаваат оној момент кога авионот наеднаш забрзува и полетува. Од тој момент веќе ништо не ве држи цврсто на земја и останувате во рацете на некои луѓе за кои и не знаете како изгледаат.
Но, дали сте знаеле како пилотите и стјуардесите и целиот тим на авионски професионалци чуваат тајни кои никогаш нема да ви ги откријат.
1. Дали знаете дека од моментот кога ќе ја земете маската со кислород имате само 15 минути кислород? Тоа е доволно за пилотот да го спушти авионот на пониска висина каде можете нормално да дишете.
2. Дали сте знаеле дека молњите по малку го допираат авионот во лет иако вие тоа не го забележувате?
3. Знаете ли дека тоалетот во авионот може да се отклучи однадвор? Не мислете дека ќе може да се заклучите и да правите некои забранети работи , бидејќи секогаш постои многу лесен начин за провалување.
4. Знаете ли дека во авионите пилотите секогаш јадат различна храна во случај едната да е отровна?
5. Доколку се случи некоја несреќа за време на летот, повеќето комерцијални авиони може да летаат само со еден мотор.
6. Сè уште нема точно, стручно и единствено објаснување зошто треба да ги исклучиме мобилните и компјутерите за време на полетувањето и слетувањето.
7. На стјуардесите речиси никој не им остава бакшиш.
8. Авионот на кој му откажале двата мотора и понатаму може да лета уште некое време.
9. Водата во авионите е исклучително валкана. Некои од авионите се стари и по 50 години, а исто толку се стари и тенковите за вода кои речиси никогаш не се чистат.
10. Зошто во тоалетите на авионите сè уште има пепелници? Иако е забрането пушењето, стручњаците заклучиле дека иако не смеат, оние кои ќе запалат цигара мора да имаат сигурно место за гаснење.