Нека биде портокаловата...

Отсекогаш сум планирала, анализирала. Се до детал! Секоја ситница, секој збор, чекор, да не почнам да зборувам за анализа на луѓето во мојот живот. Нивните постапки, реченици, допири, движења.

neka-bide-portokaloviot-01

И сето тоа бесполезно. На крајот секогаш мојата анализа била спротивна од резултатот на кој сум се надевала.

Исто како кога ќе те падне на ливче сигурен натпревар и се чудиш како е можно тоа да ти се случува само тебе. И повторно, не учиш од грешките.

Пишуваш друго ливче, мислејќи дека е сигурно, среќата ќе ти се насмевне овој пат или наредниот... Mора да биде еднаш си викаш... Но, грешиш повторно и на крајот сфаќаш.

Можеби доцна но, сепак сијалицата над глава ти светнала и ги гледаш работите во нивно вистинско светло.

Луѓето се како натпреварот. Никој не е сигурен. Доколку ризикуваш и ставаш преголем влог на ливчето, може и да добиеш многу, но тоа е вистинска реткост денес.

Факт е дека сите ќе те повредат, но треба да одбереш кој заслужува втора шанса. Факт е дека не вреди да анализираш, процесираш и да се нервираш околу она што го прават луѓето кога тие нивното мислење и расположение го менуваат во наредната секунда.

Факт е дека понекогаш треба да оставиш на случајноста. Кога најмалку ќе се надеваш, светлина на крајот од тунелот сама ќе се појави.

Верувај дека постои човек меѓу луѓето со кој ќе се сретнеш случајно, некогаш.

Случајност - ова е мојот нов омилен збор во речникот. Сето ова го сфатив денес кога бев да купувам запалка и продавачката ме праша во каква боја сакам - црвена, зелена или портокалова?

Портокалова искрено е боја која не ја обожавам, но за промена и реков нека биде портокаловата.

Оставив на случајноста да избере, можеби портокаловата запалка ќе трае повеќе од црвениот кој толку многу сакав да го купам...

Автор: Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg