Преминете од Шпанија во Португалија за помалку од 1 минута (видео)
Ако сте пробале, банџи скокање, ролеркостер, летање со падобран, скокање од карпа, сигурно се прашувате што може да биде повозбудливо и поинтересно од сето тоа.
Доколку летово барате некоја возбудлива авантура во Шпанија, има нешто што нема да може да го заобиколите.
Ако патот ве води до Андалузија тогаш никако не смеете да го пропуштите зип-лајн возењето.
Таму се наоѓа единственото место од каде спуштајќи се по јаже може да преминете во друга држава.
Оние кои се впуштаат во оваа авантура од Андалузија, застануваат дури во Алкути во Португалија.
Сè што ви е потребно за вакво адреналинско доживување е храброст, бидејќи во рок од 50-60 секунди, колку што трае спуштањето се достигнува брзина дури и до 70 км на час.
Но, тоа не е единственото интересно нешто на ова патување. Оние кои ќе тргнат од Шпанија, треба да знаат дека во Португалија ќе ги дочека и друга временска зона.
Ова „меѓународно“ возбудливо патување ќе ве чини 15 евра.