Умешноста на живеењето се крие во умешноста на знаењето

Денес е многу тешко умешно да се снајдеме со секојдневието и да се справиме со сите предизвици што ни попречуваат во остварувањето на своите цели и што не ни дозволуваат да бидеме целосно опуштени и среќни.

umesnosta-na-znaenjeto-se-krie-vo-umesnosta-na-znaenjeto-01

Секој ден се среќаваме на крстопатот помеѓу (минимум) две ситуации, емоции, желби, одлуки, патишта. Секогаш е прашањето „каде да одиме, по кој пат да тргнеме?!“. Дали да одиме лево, дали десно? Дали нагоре дали надолу?!

Тоа и е „умешноста на живеењето“. Да знаеме кога, на каде да тргнеме. Да знаеме кој е вистинскиот момент и како да постапиме во секоја ситуација.

Најдобро може умешноста на живеењето да ја согледаме во стиховите на песната на Paul van Dyk (Time of Our Lives):


There's a time for us to let go
There's a time for holding on
A time to speak, a time to listen
There's a time for us to go

There's a time for living low down
There's a time for getting high
A time for peace, a time for fire
A time to live, a time to die

A time to scream, a time for silence
A time for truth against the lies
A time for fate, a time for science
There's a time for us to shine

There is a time for mis-believing
There's a time to understand
A time for hurt, a time for healing
A time you run, to make a stand

Oh, this is the time of our lives

Hold on

(за поголемо уживање во песната!)

Умешност е да знаеме:

кога да скокнеме, кога да се повлечеме

кога да се опуштиме, кога да се стегнеме

кога да го отвориме срцето, кога да го затвориме

кога да откачиме, кога да бидеме сериозни

кога да викнеме на работа, кога да замолчиме

кога да зборуваме, кога да слушаме.

кога да се сложиме со шефот, кога не

кога да застанеме, кога да тргнеме

кога да врискаме, кога да молчиме

кога да ја кажеме целата вистина, кога дел

кога да имаме верба, кога да ѝ веруваме на науката

кога да прашаме, кога да премолчиме

кога да пофалиме, кога да критикуваме

кога да започнеме свој бизнис, кога да почекаме

кога да се бориме за врската, кога да ја прекинеме

кога да се повлечеме, кога да нападнеме

кога да направиме соработка со клиентот, кога да си станеме од маса

кога да веруваме, кога да бидеме сомничави

кога да се откажеме, кога да бидеме упорни

кога да наградиме, кога да казниме

кога да заплачеме, кога да се воздржиме

кога да кажеме, кога да замолчиме

кога да попуштиме, кога да стегнеме

кога да му кажеме на колегата, кога да премолчиме

кога да љубиме, кога да се откажеме

кога да одиме лево, кога десно

кога да употребиме сила, кога нежност

кога да бидеме силни, кога да признаеме дека сме слаби

кога да кажеме не, кога да

кога да пресечеме, кога да премериме  

кога да се фокусираме, кога да се опуштиме

кога да ја донесеме одлуката, кога да ја преспиеме

кога да кажеме шега, кога не

кога да се насмееме, кога да сме сериозни

umesnosta-na-znaenjeto-se-krie-vo-umesnosta-na-znaenjeto-1

Во сите овие моменти, за да знаеме да ја направиме вистинската одлука, треба да сме мудри. Умешност на живеењето претставува мудро живеење. Колку сме повеќе мудри и донесуваме мудри одлуки во животот, толку полесно ќе се справуваме со секојдневните предизвици.

Во сите вакви случаеви нас нè водела интуицијата. Донесуваме одлуки врз база на нешто од внатре што не поттикнува и инспирира.

Но, многу често знаеме интуитивно да донесеме погрешни одлуки. Тоа е поради тоа што интуицијата нè тера да донесуваме одлуки кои не се наши (базирани на вредностите на нашите родители, нашите менаџери, колеги, пријатели, општество, систем итн).   

Мудрите одлуки се во директна релација со интуицијата. Кога ќе ја развиеме нашата „вистинска“ интуиција на повисоко ниво, и одлуките што ќе ги донесуваме ќе бидат помудри и поправилни.

Со успех во имплементацијата,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
www.macedonia-consulting.comwww.macedonia-export.com

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
Маки што им се познати на сите кои живееле во стан (и имале лоши соседи) Соседи кои оставаат ѓубре пред врата, влага во бањата од станот над вас – живеењ...
Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља? Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во В...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg