Совети кои жените ги даваат, но не ги применуваат

На жена ќе и дадете 10 совети, а таа ќе го послуша 11-от совет – нејзиниот.

soveti-koi-zenite-gi-davaat-no-ne-gi-primenuvaat-01

Добро позната реченица која е вистинита. Чудно е тоа што кога жените се во стуација да даваат совети, не ги применуваат истите во својот живот.

Независно кого жената советува, ова се неколку совети кои ни самата не ги применува.

Не се враќај на бившиот партнер

Најчест совет упатуван до пријателката која штотуку раскинала со момчето. Иако жената го дава овој совет на своите пријателки, доколку самата поминува низ истата ситуација, голема е веројатноста и самата да му се врати на бившиот партнер.

Би требало да најдеш подобар партнер за сериозна врска

Совет кој го даваат жените на постара возраст, но повторно не го применуваат. Иако го советуваат својот пријател или роднина да најде подобар партнер за сериозна врска, самите излегуваат со помлад, незрел дечко кој не можат да го откачат поради шармот и возраста.

soveti-koi-zenite-gi-davaat-no-ne-gi-primenuvaat-2

Не го проверувај постојано партнерот

Кога една жена е во врска, се претпоставува дека е повеќе љубоморна од мажот и често го проверува неговиот мобилен или профилите на социјалните мрежи, а резултатот од тоа го дознава нејзината најдобра пријателка.

Иако тие една на друга си препорачуваат дека не е добро да се прави тоа, продолжуваат да ја играат улогата на инспектор.

Не ја мрази бившата на твојот партнер

Совет кој ниедна жена не го применува. Проблемот не е во тоа што е тежок за прифаќање, тоа е во природата на секоја жена – да се мрази бившата на партгнерот.

Иако жените знаат дека бившата на партнерот нема никаква улога во нивниот живот, сепак не можат против тоа чувство.

После раскинување не мора да се брише партнерот од социјалните мрежи

Се пронајдовте? Не постои жена која нема избришано барем еден бивши партнер од листата на пријатели без посебна причина, освен раскинувањето на врската. Женскиот совет дека тоа е детски и глупаво, повторно не е применуван од нивна страна.

Никогаш не практикувај секс без кондом

Секоја жена барем еднаш има практикувано секс без кондом, а ги советува своите пријатели да не го прават тоа.

Сакаш да изгледаш добро во твојот летен костим за капење? Остави го чоколадото!

Не се чувствувајте лошо доколку вашата пријателка ве советувала дека имате целулит поради чоколадото кое мора да престанете да го конзумирате. Веројатно е дека и самата не го почитува советот кој ви го дала.

soveti-koi-zenite-gi-davaat-no-ne-gi-primenuvaat-3Девојки, се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg