10 најчести машки фрази и што тие значат

Женскиот и машкиот ум не се секогаш на иста фреквенција, па често меѓусебно воопшто не се разбираат. За подобро разбирање меѓу половите откриваме 10 најчести машки фрази и што значат кога ги кажуваат.

10-najcesti-maski-recenici-i-sto-tie-znacat-01

1. Кога мажот вели: „Тоа е машка работа“, во превод значи: „Не постои рационално објаснување за тоа и нема шанси да ја сфатиш логиката“.

2. Кога мажот вели: „Ќе ми треба многу време за тоа да го објаснам тоа сега“, всушност мисли: „Немам поим како функционира сето тоа“.

3. Кога мажот ќе ве прекине во домашната работа и ќе ви каже: „Одмори се малку драга, премногу работиш“, всушност сака да каже: „Не можам да го гледам натпреварот, зошто баш тука мора да работиш?“

4. Кога вели: „Те слушнав“, сака да каже: „Не знам што зборуваш, ама те слушнав не мора да повторуваш“.

5. Ако мажот ви каже: „Интересно, драга“, всушност ви рекол: „Не ми се верува колку многу зборуваш“.

10-najcesti-maski-recenici-i-sto-tie-znacat-1

6. Кога ќе ви се пожали мажот: „Знаеш дека имам слаба меморија“, тоа во превод значи: „Се сеќавам на првиот секс, на првото пијанство, на згодната девојка, ама не ми текнува на нашата годишнина“.

7. Ако мажот ви донесе букет со зборовите: „Драга, мислев денес на тебе и ти го донесов овој прекрасен букет, тоа значи: „Младата цвеќарка е толку згодна и секси, што не можев, а да не купам нешто од кај неа.“

8. Кога вели: „Не можам да го пронајдам тоа“. Всушност рекол: „Не ми е на дофат и затоа не знам каде да го барам, но ти сигурно можеш да го најдеш“.

9. Кога мажот за време на возењето ќе ви каже: „Не се грижи, мила, не сме изгубени, знам точно каде сме“ тоа баш спротивно значи: „Е сега сме готови, немам поим ни каде сме ни како да излеземе“.

10. Доколку мажот за време на разговорот ви одговара кратко: „Аха, да драга“, „Навистина? Секако, мила“... тоа во превод ништо не значи бидејќи станува збор за целосно автоматизирани фрази.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg