Уметност создадена од зрна кафе
Сигурно секојдневно уживате во утринското или попладневното кафе. Речиси никој не може да му одолее на мирисот од тазе печени зрна кафе или аромата што се шири од вашата шолја.
Но, понекогаш тоа не е единствениот начин за да уживате во неговата убавина. Оние покреативните, како Лив Бурандеј, успеала од зрната кафе да создаде вистински уметнички дела.
Таа постојано ги изненадува своите следачи на Инстаграм со фасцинантни илустрации креирани од зрна кафе.
Создава вистински парчиња уметност кои со својата деликатна убавина ќе ве остават занемени.
Оваа серија уметност од зрна кафе била инспирирана од љубовта кон кафето на нејзиниот татко.
Погледнете дел од нејзините прекрасни креации: