7 бои на виножитото и нивното значење
Виножитото е едно од најубавите појави во природата, доколку ги оттргнеме објаснувањата на физиката, личи на вистинска магија на небото. Но, сте се запрашале кое е значењето на боите на виножитото?
Доколку не знаете, погледнете го значењето, одберете ја омилената и дознајте што ќе ви открие за вашата личност или пак ќе ви помогне за да си го подобрите расположението.
Црвена
Црвената е една од најсилните бои на виножитото. Симболизира страст, енергија и самодоверба. Затоа е најзастапената боја на Денот на вљубените. Во Кина невестите носат црвени фустани бидејќи за нив црвената боја е синоним за среќа.
Портокалова
Топла боја која буди чувство на среќа. Портокаловата асоцира на добри манири и добра комуникација, гордост и самоконтрола.
Жолта
Може да се рече дека жолтата боја е извор на инспирација за уметниците. Доколку ви снема инспирација опкружете се со жолти предмети или облечете се во жолтa облека. Оваа уникатна боја на виножитото асоцира на надеж и добро расположение.
Зелена
Боја на пролетта која асоцира на преродување, хармонија и промена. Исто така означува балансирање на емоциите и срцето.
Сина
Сината е боја која смирува и буди мир. Обојувањето на вашата соба во оваа боја ќе ве релаксира и опушта секој ден. Асоцира на лојалност и мудрост.
Индиго
Асоцира на интуиција и одговорност, проследена со идеализам. Оваа боја ги опишува мирните луѓе кои мразат конфликти и проблеми.
Виолетова
Не може а да не ја обожавате мистериозноста која ја има оваа прекрасна боја. Асоцира на фантазија, емпатија и креативност. Луѓето кои ја сакаат оваа впечатлива боја на виножитото се емотивни и имаат добро срце.
Која е вашата омилена?