Трикови со кои продавниците ве залажуваат да купувате повеќе

Користејќи ја напредната невролошка техника со чија помош во истата секунда се бележи активацијата на поединечни делови од мозочната кора, како и брзината на отчукување на срцето, движењето на телото и потењето, заклучиле дека скоро сите купувачи слично реагираат кога се изненадени, воодушевени или разочарани.

trikovi-so-koi-prodavacite-ve-zalazuvaat-da-kupuvate-povekje-01

Објаснувањето за тоа се должи на нашиот животински инстинкт, потсвеста и емоциите кои често го надминуваат разумот, па во согласност со тоа одлучуваме понекогаш и непромислено.

Таквите истражувања, од една страна ѝ помагаат на компанијата да продаде што повеќе производи, но исто така и купувачите може подобро да го разберат своето однесување и моментот кога нешто ви шепнува: „Купи го ова“.

Големина

Производителите на облека често ја означуваат со мали броеви, па мислиме дека носиме помал број од вообичаено и среќни поради тоа ја купуваме.

Кошничка

Колку  ќе купиме зависи од големината на кошничката со која пазаруваме. Колку е поголема, толку повеќе трошиме.

Мириси од детството

Мирисите се еднакво важни. На купувачите така им се отвора апетитот кој ги поттикнува да потрошат повеќе пари за прехранбени производи.

Музика

Повеќето купувачи за тоа што ќе купат одлучуваат во продавниците. Без оглед на листите подготвени од дома, бидејќи другите производи кои ги гледаат им го одвлекуваат вниманието.  Музиката многу влијае на купувачите – колку е погласна, толку повеќе влијае на губењето самоконтрола и се зголемува импулсивното одбирање и купување.

trikovi-so-koi-prodavacite-ve-zalazuvaat-da-kupuvate-povekje-1

Овошје и зеленчук

Сте се запрашале ли некогаш зошто овошјето и зеленчукот секогаш стојат во близина на влезот или излезот од продавницата? Тоа е поради природната светлина која влегува од надвор и ги прави да изгледаат поздраво и посвежо, па лесно ве привлекуваат да одберете некое.

Мирис на кокос

Поради мирисот на кокос може да помислите дека сте на плажа, па иако не ви е моментално потребно, сигурно ќе побарате да купите некој козметички производ со таков мирис.

Повелете пробајте

Презентација на која пробувате некој производ ви нуди можност да го вкусите, а со тоа и многу полесно да го купите. Тие се токму за тоа наменети.

trikovi-so-koi-prodavacite-ve-zalazuvaat-da-kupuvate-povekje-2

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg