Се продава луксузниот дом на Пинк (фото)

Една од најпопуларните поп-рок пејачки на светската сцена, која успева долги години добро да се одржи на сцената и секогаш да има по некој супер хит, добитничката на три Греми награди, екстравагантната Алиша Мур, позната како Пинк, го продава својот луксузен дом во Шерман Оакса, Калифорнија.

se-prodava-luksuzniot-dom-na-pink-foto-03

Луксузната и егзотична градба се продава за 3,5 милиони американски долари, а се протега на 3000 м2. Вилата е изградена во шпански стил, има 4 спални соби, 5 бањи, вежбалница, соба за билјард и врвно уредена кујна. Сите простории во куќата се отворени и меѓусебно поврзани.

Сепак, најубав дел од вилата е нејзиниот екстериер каде акцентот е на огромната зелена површина во градините кои се фантастичен украс на куќата. Голем базен со спа дел кој се наоѓа зад романтичниот водопад и е еден од најдобрите делови на целиот имот.

Пинк вообичаено во интервјуата изјавува дека најголемата поддршка ја добива од семејството и сака кога се сите заедно. Па, не е чудно што омилен дел од вилата ѝ е токму градината каде може да се собере целото семејство и да уживаат во добрата скара и забавата.

Со оглед на тоа како изгледа ова место, нема сомнеж дека брзо ќе го најде својот нов сопственик.

Ѕирнете низ просториите каде што живее Пинк:

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg