Авионите во иднина наместо прозори, ќе нудат панорамски поглед преку екрани
Авионот на иднината, кој е проектиран од страна на компанијата “Spike Aerospace”, е првото летало кое нема да има прозори, а ќе нуди спектакуларен панорамски поглед.
Наместо обичните прозорци, компанијата го осмислила ова летало како дизајн со супер тенки екрани кои ќе овозможуваат поглед кој го одзема здивот.
Моделот на супер брзиот авион S-512 ќе чини 80 милиони долари, во него има место за 18 патници и ќе биде исклучиво достапен за бизнисмените со подлабок џеб.
Бидејќи авионот нема да ја има тежината кои прозорците ја додаваат, се очекува дека ќе достигнува брзина од 2.200 километри на час, што е 2 пати повеќе од моменталната брзина на леталата.
На надворешниот дел од авионот ќе бидат поставени камери, кои ќе ја емитуваат надворешната атмосфера над облаците.
Еве како би изгледало луксузното задоволство во облаците за неколку години: