Утринските навики го откриваат вашиот карактер

utrinskite-naviki-go-otkrivaat-vasiot-karakter

Подготвувањето на појадокот, одбирањето на облеката, отворањето на прозорецот и полевањето на цвеќето, се само некои од секојдневните рутински навики кои ги правите откако ќе се расоните.

Воопшто не сте се запрашале како овие рутини го опишуваат вашиот карактер.

Сетете се која од овие рутини ја практикувате прва наутро и погледнете што таа открива за вас

Гледате какво е времето

Вашето мото е подобро да се спречи отколку да се лекува. Вие сте хипохондрик и стравувате од сезонски болести и алергии. Претпазливи сте, но и често непредвидливи. Не се релаксирате целосно.

Се врткате низ домот

Постојано проверувате дали сè е на свое место. Ги забележуате деталите и сте лошо расположени после будењето. За вас домот е пријатно засолниште од кое не сакате да излезете цел ден.

Сакате да се чувствувате сакано и безбедно. Но, не дозволувајте вашата среќа да зависи од другите луѓе.

 Го вклучувате компјутерот или телевизорот

 Сакате веднаш да стапите во контакт со активниот живот.

Важно ви е да ви почне денот пријатно и весело, за да ви остане убавото расположение во текот на цел ден.

Но, не успевате во тоа поради преголемата сериозност и сентименталност. Се сметате себеси за неважна личност. Засакајте се себеси и секој ден ќе ви биде убав.

 Го отворате прозорецот или го полевате цвеќето

 Вие сте точни како швајцарски часовник. Го сакате животот и секоја минута од него ви е забавна. Романтични сте и лесно повредливи.

Живеете во својот розов свет. Се стремите кон задоволување на амбициите.

Подготвувате појадок

Го сакате дружењето со пријателите и вашето семејство. Секогаш сте заштитнички настроени и уживате во моментите поминати со блиските личности. Премногу сте врзани со минатото и тоа го пореметува вашиот живот.

Стравувате од напуштање и сакате да се чувствувате како да сте незаменливи. Се препуштате на телесните задоволства, а материјалното не ви е важно.

 

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg