Убавината да се биде жена

Некои жени се среќни со она што се, некои би се замениле со мажите, некои се чувствуваат рамноправно.

ubavinata-da-se-bide-zena-01

Но, колку и да се трудат некои, никогаш нема да можат да заменат некои привилегии кои ги има жената. Има нешто посебно убаво во тоа да се биде жена. Некои работи се незаменливи.

Можноста да се донесе нов живот на свет или чувството на клоцање во стомакот е нешто што никогаш нема да може да го почувствува мажот.

Жените може да бидат со различна висина и да немаат комплекс од тоа, бидејќи секогаш може да ја надополнат со нови, интересни високи потпетици.

Жените ја имаат можноста да се шминкаат како сакаат и да ја покријат секоја маана на лицето, да поправат некоја несовршеност или да истакнат некој дел.

ubavinata-da-se-bide-zena-1

Привилегија на жените е да може да носат маици од момчето, панталони по нивни крој, а истовремено кога ќе посакаат може да облечат и фустани и здолништа. Мажите никогаш нема да ги почувствуваат задоволството и слободата од носењето кратко фустанче во топлите летни денови.

Жените може да покажат и сила и храброст за големи предизвици и во животот и во работата, рамномерно со мажите. Но, истовремено може и да плачат на романтични филмови.

Убавината да се биде жена и да се успее во животот како мајка, сопруга, работничка или одговорно лице, бизнисменка, а истовремено и сексапилна, посакувана, одмерена и почитувана дама, заслужува посебна наклонетост, љубов и бескрајна почит.

ubavinata-da-se-bide-zena-2

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg