Каде летуваат нашите ѕвезди?
Летото штотуку започна. Се подготвуваш за на одмор или уште немаш врска каде би одела? Очекуваш летово да ти биде исполнето се летни авантурииииии...
...и лудорииии... Еве што планираат некои од нашите музички ликови.
Како ќе го поминат летово, кои се нивните омилени дестинации и кои се најголемите летни лудории што би ги направиле.
Адријан Гаџа
Најпосакувана летна дестинација за мене е... дома. Ќе работам цело лето. Веќе тоа ми се случува две-три години по ред. А за омилено место за одмор... имам повеќе.
Летните авантури ги поддржувам дефинитивно и мислам дека адреналинот најмногу постои во лето, затоа и најмногу ги има.
Добро би било да можат да опстојат и понатаму, после летото, но потешко. Има многу луди работи кои би ги направил.
На пример, сега би си ја ставил главата веднаш во торта и ете ти луда работа. Инаку, сум скокал банџи.
Тоа беше во Германија и потоа ни самиот не знаев кај сум неколку дена, сe ми се превртуваше во стомакот, не можев да стојам на земја, ама сега ако ми каже некој да скокам пак, ќе скокам.
Најлуда работа што би ја направил, би скокал банџи без јаже, хахаха.
Роберт Билбилов
Најпосакувана летна дестинација за мене се Будва и Карибите. Сега бев во Будва, малку работно, малку на одмор, многу ми се допадна и сакам да одам пак.
А наскоро ќе одам во Белорусија, исто така работно.
Немам ништо против летните авантури, со самото тоа што на еден одмор се останува од 10 до 15 дена има шанси да се случи нешто, но не би траело.
Нормално дека има шанси да опстане таа летна авантура и во подолга врска, но потешко.
Бојана Атанасовска
За одмор секогаш одлучувам во 5 до 12. А со оглед на тоа дека секогаш летата ми се преисполнети со настапи насекаде во Македонија, одморот го оставам за на крај на летото, или пак воопшто и го нема.
Омилена дестинација ми се оние латински држави и најмногу Дубаи, така што се надевам дека некогаш ќе одам.
Инаку скоро секогаш си правам да си поминам лудо и незаборавно и не можам да издвојам некој одмор којшто ми бил најзабавен до сега.
Ми се случиле летни авантури до сега и не сум против. Мислам дека нема правила за тоа дали би можеле да опстојат после летото или не.
Ова лето планирам да направм друга луда работа, односно да си ставам тетоважа.
Влатко Лозаноски
Летово ќе го поминам работно. Нормално дека ќе одам во Охрид, но и таму работно.
Имам во план да одам и во Турција, но за тоа ќе видиме. Најголема желба ми е да одам на Ибица, така што ако присоберам уште некое денарче можеби до година и ќе отидам.
А летните авантури ни се случуваат на сите, особено кога ќе одиме цело друштво на одмор.
И зависи од човек до човек дали ќе опстои една летна авантура и ќе се претвори во врска.
Секој ден правам луди работи. Многу сакам да се возам на луда железница.
Димитар Андоновски
Летово ќе одам низ Македонија и низ Бугарија, работно. Кога ќе имам слободно време ќе одам и до Охрид.
А за најлуд одмор го сметам кампингот. Сум одел до сега на кампинг овде во Македонија.
Најинтересна локација ми е Дубаи, би сакал да одам таму. За летните авантури мислам дека нема шанси да опстојат, односно зависи каков човек си.
До сега сум имал многу летни авантури и не опстоиле.
Повеќе прочитај во јулскиот број на ТАА или на www.taa.com.mk