Како некогаш изгледале школите за гладијатори? (видео)
Тим на истражувачи со помош на модерната технологија успеал да ја реконструира школата за гладијатори, чии остатоци се пронајдени во 2011 година во Австрија.
Оваа школа може да се мери со познатата гладијаторска касарна Лудус Магнус која се наоѓа во Рим, во близина на Колосеумот.
Тим на истражувачи, составен од археолози од Австрија, Белгија и Германија, истакнува дека „спектакуларното“ откритие во Карнунтум е мапирано и виртуелно реконструирано со помош на снимки од воздух, електромагнетна индукција и георадар.
Добиените археолошки мапи и планови на градбите, улиците и римската инфраструктура овозможиле дводимензионална и тродимензионална виртуелна реконструкција на градот, истакнуваат археолозите чија студија е објавена во весникот „Antiquity“.
На ова наоѓалиште се раскопувало уште на крајот од 19. век, но школата за гладијатори е откриена дури во 2011 година.
Иако во Римското Царство постоеле околу 100 гладијаторски школи, речиси сите се срушени или на нивните темели се подигнати нови градби.
Погледнете го видеото и откријте какви биле школите за гладијатори: