Пустинска уметничка инсталација која сите ги збунува (видео)
Уште откако се појавила во 1997 година ги збунува туристите како и оние кои ја виделе преку „Google Earth“.
Уметничкиот тим D.A.S.T. Stream го започнал овој проект уште во 1955 година, а во неговото создавање учествувале Danae Stratou, Alexandra Stratou и Stella Constantinides.
Оваа креација „Desert Breath“, која се наоѓа на 100 илјади метри квадратни е сместена на источниот дел од пустината Сахара во Египет.
За нејзиното создавање биле искористени 8.000 кубици песок, а завршена е во 1997 година.
Иако сè уште постои, постепено се распаѓа, а ќе биде видлива додека ветрот не ја избрише целосно.
Погледнете како е ссоздадена оваа уметничка инсталација: