Ако вашето присуство на Фејсбук вреди 81 долар, колку чини вашиот лајк?
Сте се запрашале ли некогаш од каде наеднаш Фејсбук има толку многу пари? Не продаваат ништо, а рекламите едвај се видливи на страниците. Сепак, вреди милијарди.
Одговорот е: Информации.
Она што Фејсбук го продава за милијарди долари се информациите кои ние, обичните корисници, ги даваме бесплатно.
Во светот на социјалните мрежи, корисниците се машина за пари дури и кога не купуваат ништо. Причината за тоа е што социјалните мрежи се многу важна и корисна алатка за маркетиншко истражување.
Секојпат кога ќе кликнете „like“ („ми се допаѓа“) или „share“ („сподели“), се придружувате на некоја фан страница или додавате нов пријател, вие создавате нов пакет на статистика за кој големите корпорации би платиле милиони за да го добијат како податок.
Колку долари вреди вашиот профил и сите активности?
Според истражувањето кое го направиле од „Wall Street Journal“ проценета е вредноста на поединечен профил:
- Само вашето присуство вреди околу 81 долар
- Секој ваш пријател на профилот вреди околу 0,62 долари
- Секој ваш „like“ вреди околу 0,03 долари
- Во просек, секој профил вреди 1.800 долари
- Сериозна професионална група или страница вреди 3,1 милон долари
Фејсбук има речиси милијарда корисници кои трошат вкупно 9.700.000 минути дневно, активно и бесплатно додавајќи нови информации и статистички пакети.
Според истражувањето, на Фејсбук од декември 2011 година имало 845 милиони корисници. Тоа значи пораст од 608 милиони во однос на 2010 година и 360 милиони во однос на 2009 година.
Фејсбук тврди дека корисниците кликаат „like“ или оставаат коментари 2,7 милијарди пати дневно.
Гледајќи го неговиот раст во последните 3 години се проценува дека се собрани 2,11 трилиони информации кои може да се продадат.
На тој начин Фејсбук заработува околу 1,2 милиони долари дневно од бесплатната работа на своите корисници создавајќи го она што Wall Street Journal го нарекува „најголема неплатена работна сила во историјата“.