Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако сакате да го упропастите вашето дете, ова се правилата!

Овие неколку препораки и совети за родителите кои сакаат да го упропастат своето дете ги објавил еден лондонски весник за педагогија и воспитување.

ako-sakate-da-go-upropastite-vaseto-dete-ova-se-pravilata-01

Ако вака го воспитувате вашето дете, бидете сигурни дека го водите кон пропаст во животот. Ако тоа е вашата цел, ова се правилата:

1. Исполнете му ја секоја желба и ќе го одгледате со уверување дека целиот свет се врти околу него.

2. Кога ќе каже некоја пцовка или лош збор, насмејте му се од срце па ќе помисли дека е многу забавно да го прави и понатаму тоа.

3. Немојте никогаш да му зборувате за моралот. Вака треба, вака не треба, ова смееш, ова не смееш... не му зборувајте за обврските кон другарчињата. Така сигурно ќе мисли дека ништо друго не е важно, освен неговите желби.

4. Секогаш раскревајте и средувајте зад него, немој случајно да му оставите некоја обврска. Можеби некогаш ќе научи за одговорност.

5. Секогаш карајте се пред него, па нема да се чуди ако се распадне семејството.

6. Дајте му пари секојпат кога ќе побара и нека ги троши како сака. Ако вие сте пателе, не мора и вашето галениче.

7. Исполнете му ја секоја желба што ќе посака да јаде или да пие.

8. Секогаш бидете на негова страна кога некој го напаѓа, без разлика дали е тоа учителката, соседот или бабата, така ќе го воспитате дека секогаш е само тој во право.

9. Кога ќе се најде во каква било неволја кажете му дека вие сте криви и така ќе го ослободите од вината.

Ако направите 80% од наведените правила, бидете задоволни бидејќи сте ја оствариле целта. Успеавте да го упропастите своето дете!

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg