Машко-женско упатство за користење банкомат од автомобил
Денес банкоматите се наоѓаат речиси на секој агол, а се очекува масовна примена на автоматите за подигнување готовина со картички од оние кои ќе бидат поставени покрај патиштата каде можете да поминете со вашиот автомобил.
Еве неколку интересни и корисни совети за нивно користење до кое мора да се придржувате ако сакате да извадите пари од банкоматот.
Постапка за мажите:
- дојдете со автомобилот до банкоматот
- отворете го прозорот
- ставете ја картичката и внесете ја шифрата
- впишете го износот кој сакате да го подигнете
- земете си ја картичката, парите и потврдата
- продолжете да возите
Постапка за жени:
- дојдете со автомобилот до банкоматот
- возете малку напред-назад за прозорот да биде рамен со банкоматот
- повторно запалете го автомобилот, кој сигурно ви изгасна
- спуштете го прозорот
- отворете ја чантата и истресете сè што имате во неа на совозачкото седиште за да можете да ја најдете картичката
- кога ќе дојдете до несесерот со шминки проверете си го изгледот на ретровизор
- вратете ги сите работи во чантата
- обидете се да ја ставите картичката во банкоматот
- отворете ја вратата на автомобилот за да можете да го дофатите банкоматот
- ставете ја картичката
- повторно ставете ја картичката, овојпат со правилната страна свртена нагоре
- кога банкоматот ќе побара да ја впишете шифрата, повторно истресете ја чантата и најдете го нотесот, па проверете ја неговата задна страница
- вратете ги сите работи во торбата
- впишете ја шифрата
- обидете се уште еднаш и впишете ја точно шифрата
- впишете го бараниот износ
- земете ги парите и потврдата
- испразнете ја чантата за да го пронајдете паричникот
- возете 2 метри понапред
- вратете се 2 метри назад за да си ја земете и картичката од банкоматот
- ставете ја картичката, паричникот и сè останато во чантата
- проверете ја шминката
- повторно запалете го моторот кој ви изгаснал
- возете 5-10 километри
- спуштете ја рачната кочница