Најшарената детска болница каде децата не се плашат од докторите
Единбург детската болница е прва и единствена болница која е специјализирана исклучиво за деца.
Се наоѓа во Rio Grande Valley, Jужен Тексас. Таа е прва болница која има специјално одделение за итна педијатриска помош.
Болницата располага со 107 слободни кревети, 5 операциони сали и најнова технологија и медицинска опрема која овозможува брзи и точни испитувања и дијагнози.
Во неа има и сертифициран центар за лекување на астма. Работат познати и стручни доктори педијатри, а болницата има можност и за волнтери кои ќе помагаат во секојдневните потреби.
Бидејќи е специјализирана за деца таа има и специфичен изглед со многу светли и шарени бои и однадвор, но и однатре.
Сите соби и операциони сали имаат светли и топли бои со интересни дезени на ѕидовите.
На тој начин им овозможуваат на децата да се чувствуваат како во игротека, а не како во болница. Така остваруваат подобра комуникација и задоволни пациенти.
Погледнете како изгледа: