Кој чај и одговара на вашата крвна група?

Сигурно сте слушнале за прехрана според крвната група која забранува или препорачува одредени намирници кои одговараат на одредена група.

koj-caj-i-odgovara-na-vasata-krvna-grupa-01

Но, сега возможно е да ја одберете дури и својата топла шолја чај според крвната група.

Крвна група О

Родените во крвна група О се зависници од високо калорична храна, па затоа имаат потреба од неколку освежувачки напитоци во текот на денот кои ќе го прочистат нивниот организам.

Кафето како топол напиток не им се препорачува, како и слатките, газирани пијалаци и алкохолот. Затоа, препорачливо е да уживаат во топла шолја чај на основа на ѓумбир, женшен, зелен индиски чај и мате чајот кој е позната замена за кафето.

Крвна група А

За разлика од крвната група О, оние со крвна група А имаат поздрава исхрана, но сепак патат од високо ниво на стрес.

Чаеви кои им се препорачуваат на луѓето со крвна група А се зелените чаеви, односно сите кинески тревки кои имаат смирувачко дејство. Покрај тоа, одлично им делува босилекот, јасминот и невенот, а од овошните ароми најдобро им одговара брусницата и лимонот, додека портокалот како овошје би требало да го избегнуваат.

koj-caj-i-odgovara-na-vasata-krvna-grupa-02

Крвна група АБ

Личностите со крвна група АБ исто така се најчесто подложни на стрес, така што чајот им се препорачува како совршена терапија за релаксација.

Покрај кинеската мешавина на тревки, им одговараат чаевите од ментол, божур, сандаловина, коприва и жолт чај. Од овошните, препорачлив им е кисело-слаткиот чај од брусница кој го чисти телото од токсини и бактерии.

Крвна група Б

Оние кои спаѓаат во Б крвна група се склони кон болести, па им се препорачуваат чаеви кои им го зајакнуваат имунолошкиот систем.

За полесно да го спречите хроничниот замор, а и да се изборите со килограмите, препорачлив е зелениот млад чај, имунолошките мешавини од различни билки и чајот од невен. Овошните чаеви може да ги избегнувате, затоа што немаат никакво дејство, освен пријатна арома.

Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg