Знаете ли зошто пцуете?
Кога ништо не ви оди од рака, пцовките ви помагаат да се испразните и чувствувате подобро. Не грижете се, сите го правиме тоа, барем од време на време.
Верувале или не, пцуењето е еден вид на вриштење. Се јавува како силна потреба во ситуациите кога сме возбудени и изненадени, посебно кога изненадувањата се непријатни.
Пцовките имаат ефект на ослободување на негативните емоции и го олеснува соочувањето со физичката и психичка болка, лутина и фрустрација.
Покрај тоа, овој по малку некултурен акт има тесна поврзаност и со нашата личност. Така, пцовките се карактеристични за нетрпеливите и непријателски настроените, додека луѓето кои се одговорни и свесни личности се обидуваат да ги избегнуваат.
Непристојните зборови кои ги користиме често се реакција на некое надворешно случување, но може да укажат и на тоа како ние се доживуваме самите себеси, односно каде го гледаме нашето место во заедницата.
Кога емоциите и умот не се задоволни од она што ве опкружува, автоматски го предизвикуваат ова непријатно делување. А, ваше е дали ќе се изборите со него.