5 лекции од древните Маи за живот полн здравје и хармонија
Во современиот свет, во кој се почесто сме преокупирани со информации и технологија, речиси никогаш не му се посветуваме на здравиот и едноставен живот кој ги буди хармонијата и балансот во нас.
Затоа, подобрете си го животниот квалитет со мала помош од древните Маи, кој во минатото развивале многу методи за рехабилитација на физичката и психичка состојба.
Душата и телото спојте ги како едно
За Маите, суштината на здравјето лежи во рамнотежата, додека болеста се сметала за нејзино пореметување. За да ја излечат таа нерамнотежа, Маите користеле лековити тревки, чаеви, масажи и акупунктура. Зошто да не пробате и вие?
Консумирајте многу чоколадо
Маите секојдневно консумирале големи количества на чоколади. Некои тврдат дури и дека ова слатко задоволство Маите го сметале за еден од најздравите оброци. Топлиот пијалак од растопено чоколадо го обожавале дури и владетелите и боговите, за што сведочи и неговото научно име theobroma cacao, кое значи храна на боговите.
Какаото и производите од него се полни со флаванол и антиоксиданси кои го штитат срцето, а покрај тоа содржи големи количини на магнезиум, минерали, калциум, бакар, цинк и натриум.
Тогаш, зошто не би уживале почесто во неговиот фантастичен вкус?
Верувајте во животот по овој живот
Силната верба во природните циклуси на раѓање и умирање внесувала смисла и структура во животот на древните Маи. Тие верувале дека ништо никогаш не се раѓа, ниту пак умира.
Животот кој се темели на ваква духовна состојба и верување го намалува нивото на стрес, го подобрува менталното здравје и го продолжува животниот век.
Посветете им се на милениците
Маите биле едни од првите кои ги чувале животните како миленици, наместо како извор на храна или било какво добро. И токму тие ги забележале сите здравствени предности на животинчињата.
Познато е дека блискоста на миленикот го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, го подобрува расположението и ја лечи осаменоста. Рецептот за среќа никогаш не бил поедноставен!
Зајакнете ги семејните врски и вредности
Во културата на Маите семејството било најважно. И покрај тоа што живееле во заедници, крвно поврзаните поединци биле незаменливи. Имајте го тоа на ум!
И покрај тоа што живееме во илјадници години посовремен свет, семејството се уште го има силното значење. Покрај тоа, блиската поврзаност ги поттикнува позитивните мисли, го зајакнува имунитетот и го продолжува животот.