Дизни авион како од бајка
На 2 декември 2013 година во Калгари, WestJet, WestJet Vacations и Walt Disney Parks & Resorts (Canada) изработиле специјална верзија на авион Боинг 737-800 на кој е насликан Мики Маус како магионичар.
Тоа е неговата прва улога во филмот „Фантазија“ на Волт Дизни, кој се појавил во 1940 година.
Првиот лет овој авион го имал на 3. декември на релација Калгари – Орландо, домот на Мики Маус и ресортот Walt Disney World.
После тоа патување, „Магичниот авион“ има 39 летови неделно од сите канадски градови до Орландо.
Она што може да се види насликано на авионот е приказна раскажана од крајот до врвот на авионот.
Започнува со ликот на Мики Маус со магионичарска шапка како ги издолжува рацете испуштајќи магичен прав и магични ѕвезди на крилата на авионот.
На врвот завршува со огномет околу дворецот на Пепелашка во Walt Disney World.
И внатрешниот дизајн е луксузен, со меки кожни седишта на кои има магични ѕвездички, а гостите добиваат колачиња во облик на дизниевите ликови.
Постојат и некои интересни факти околу изработката на овој „Магичен авион“:
- Двете страни на авионот се огледални слики една на друга, вистинска е една, но не се открива која.
- Вкупно 36 различни бои се употребени при неговото боење.
- Во рок од 24 дена на него работел тим од 26 луѓе.
- Во текот на овие 24 дена работниците изеле повеќе од 150 крофни.
- Во тимот учествувале луѓе од 5 држави, 2 провинции и 12 градови.
- Во следните 5 години, со магичниот авион ќе летаат повеќе од 400.000 патници и ќе бидат поминати околу 8 милиони километри.
Погледнете го видеото за да видите како беше создаден овој „Магичен авион“.