10 прашања кои вреди да си ги поставите на крајот на секоја седмица
Дојде крајот на уште една седмица. Јануарска, студена... Што правевте? Како ги поминавте овие 7 дена? Со какви достигнувања можете да се пофалите? Ќе имате ли на што да се сеќавате од неделава која изминува?
Ова се само дел од прашања кои вреди да си ги одговорите кон крајот на секоја работна недела:
1. Што научив изминатата недела?
2. Кое е моето најважно достигнување?
3. Кој момент засекогаш ќе го паметам и зошто?
4. Која е најважната работа која треба да ја исполнам во наредната недела?
5. Што можам да направам во моментов за да си ги олеснам следните 7 дена?
6. Дали постои некој на кого му должам благодарам или те сакам?
7. Кои се моите најголеми стравови за седмицата која следува?
8. За што сум благодарна/благодарен?
9. На кого и како можам да му помогнам до следниот петок?
10. Да имам само уште една недела живот, со кого би ја поминал/a?