Најспектакуларните светски огномети од дочеток на 2014 година

Со оглед на тоа дека 2013 година заврши пред неполни 2 дена, светот на големо го славеше доаѓањето на новата 2014-та. Од Њујорк до Лондон и Сиднеј, светкавите огномети го осветлуваа небото, како ознака за почеток на нови 365 дена.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-01

Без оглед на тоа каде и како го поминавте дочекот, ова се огнометите кои треба да ги запаметите, барем од фотографии.

Сиднеј

Сиднеј е еден од првите големи градови кои влегуваат во новата година, па тој дочек го одбележа навистина спектакуларно. Милиони луѓе се собраа за да уживаат во овој поглед над култната Опера.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-7

Менхетен

Прославата на новата година на Тајмс Сквер во Њујорк е една од најпосакуваните на светот. Прекрасниот дисплеј, магичните конфети и светкавиот огномет се само шлагот на тортата на овој њујоршки спектакл.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-5

Дубаи

Оваа година, Дубаи ја прослави Новата година со рекордно голем огномет. Повеќе од 400.000 ракети беа испукани на полноќ и токму тие го внесоа Дубаи во книгата на Гинисови рекорди - заслужено!

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-2

Бруклин

Сите оние кои сакаа да избегаат од шаблонското прославување во Менхетен, имаа можност да ужуваат во светот на светлата и звуците на Бруклин, кој секоја година приредува сè поголемо шоу.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-1

Мајами

Мајами Бич секогаш е преполн, па така и оваа година, токму од оние кои сакаа да уживаат во луксузен дочек на плажа. Сите кои се упатија таму имаа можност да уживаат во неколкуминутен, грандиозен огномет.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-6

Лондон

Еден од најголемите огномети на светот, секоја година традиционално се случува во Лондон. Така и оваа година, тој траеше повеќе од 10 минути и во него се преплетуваа стотици бои и сенки.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-4

Лас Вегас

Лас Вегас е познат по светлечките ефекти и бурните ноќи, па не е ни чудо што е една од најпрекрасните новогодишни дестинации. Огнометот оваа година беше испукан од кровот на хотелите Stratosphere, The Venetian, MGM Grand, Aria, Planet Hollywood, Caesars Palace и Treasure Island.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-3

Рио де Женеиро

Копакабана плажата е едно од најславните места за дочек на Новата година, токму заради светлечкото шоу кое траеше помеѓу 15 и 20 минути.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-10

Москва

Бајковитите пејзажи на Москва оваа година беа збогатени со разнобоен огномет кој дополнително ја загреа атмосферата. Со времетраење од 10 минути, сите посетители за момент помислија дека се наоѓаат во среќен Дизни филм.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-9

Берлин

Берлин секоја година традиционално е домаќин на една од најспектакуларните новогодишни забави, па така и оваа година милиони луѓе ја пречекаа новата 2014 токму тука. Проследен со огномет кој го одзема здивот, дочекот во Берлин е искуство кое мора да го доживеете.

ova-se-najspektakularnite-svetski-ognometi-8

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg