Приказна за еден случаен минувач кој се претвори во хуман херој
Понекогаш без причина, невини животинчиња се предмет на тортура и малтретирање кое можеби ние и не можеме да го замислиме или поднесеме.
За време на долгиот ден на работа некој човек чудесно налетал на бела кутија фрлена на снег покрај автопат. Бела хартиена кутија покриена со снег покрај патот му го привлекла вниманието. Кога погледнал во кутијата му се скршило срцето.
Внатре имало две мали премрзнати мачиња до кои имало замрзната храна. Толку биле беспомошни и болни што не можел во никој случај да ги остави да умрат сами и напуштени, знаејќи дека нема никој во близина за да им даде храна или да ги заштити и се оставени на милост и немилост.
Затоа ги земал со себе двете мачиња и ги однел дома за да ги згрижи. Потребно било време за да се опуштат и да заздрават, но сепак љубовта и грижата на добрите луѓе се она што секому му е потребно.
За среќа, ова добро дело на случајниот минувач покажува каква грижа и човечка совест е потребна за да спасите живот и да помогнете на некој толку беспомошен како двете заборавени и премрзнати мачиња.