Куче и бебе од првиот ден се најдобри пријатели (фото)
Родителите на малата Клер се прашувале што ќе се случи кога нивното куче, кое е дел од нивното семејство веќе четири години, ќе се запознае со бебето кое само што дошло на свет? Добиле неверојатен одговор.
Се плашеле од неговите реакции на новиот член на семејството, но се случило нешто што ги оттргнало сите сомнежи дека нивното милениче може да биде љубоморно.
-Не знаевме како Вилбур ќе реагира, бидејќи досега го имаше целосното наше внимание. Го држевме врзан кога првпат ја доведовме Клер дома. Но, тој сакаше да ја види и да ѝ се приближи. – изјави мајката.
-Се покажа дека нема потреба да се грижиме дека може да ѝ се случи нешто лошо. Дури добивме најдобар чувар за Клер кој не ја испушта од вид.
-Сега се најдобри пријатели. Вилбур нè следи секојпат кога ќе ја земеме во раце, а ако почне да плаче тој нам ни упатува загрижен поглед. На крајот излезе подобро од очекуваното. – воодушевено раскажала мајката.
Клер и Вилбур се најдобри пријатели од првиот ден и во секоја ситуација.
Погледнете како се дружат