Изграден е првиот вистински Хобит дом (фото)
Неверојатно малиот, но шармантен дом наречен “Хобит” е единствениот од овој вид.
Лоциран во Пенсилванија, овој дом кој на прв поглед изгледа како обична колиба, во себе крие една малку поразлична приказна.
Неговиот дизајнер Петар Арчер открива дека неколку години собирал идеи и визуелно го проучувал животот на хобитите, за во 2004 година конечно да може да започне со изградба.
Изграден е како личен музеј, по нарачка на голем фан на хобитите. Дел од топлиот ентериер, покрај кожниот мебел и дрвените изработки, се и неколку колекции на предмети и книги стари над 30 години.
Ако и вие сте фан на култните романи на Џ.Р.Р. Толкин, со сигурност ќе уживате во овој дом: