Анти - кафулиња се новиот европски тренд

На многумина им е чудно да седнат некаде, да купат кафе и да го пијат колку може подолго само за да го продолжат одморот во некое кафуле.

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-01

Оваа пракса наскоро може да стане дел од минатото и целосно да се променат навиките.

Книжевникот и претприемач од Москва, Иван Митин одлучил да отвори „Ziferblat “, ланец на анти - кафулиња  во Лондон. Концептот „Ziferblat “, што во превод од руски значи „бројач“, односно тоа е еден вид часовник  кој го мери времето кое посетителите го поминуваат овде. Според тоа и цените се однесуваат на поминатото време, а не на испиеното кафе.

Во цената е вклучена неограничена количина кафе, бисквити и интернет.

Според овој иновативен метод на плаќање посетителите плаќаат 3 пени за секоја помината минута во кафулето. Додека за 10 евра може да останат колку што сакаат.

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-1

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-2

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-8

Митин сепак повеќе сака својот нов концепт да го нарече „слободен простор“, а не анти - кафуле, бидејќи смета дека ги негува разговорот и креативноста меѓу странците.

Тој кажува дека дошол на оваа идеја бидејќи сакал да создаде место каде луѓето ќе можат пред сè да бидат отворени едни пред други, без алкохол и гужви во ноќните клубови.

Додека овој концепт е прилично нов во Лондон, вакви анти - кафулиња веќе одамна се дел од секојдневниот живот во Русија. Секој месец деветте локали „Ziferblat “ ги посетуваат околу 30.000 луѓе.

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-5

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-7

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-9

Првото „Ziferblat“ кафуле е отворено во 2011 година и веднаш направило револуција бидејќи целосно го изменило начинот на кој луѓето оделе на кафе.

Таму секојдневно се прикажуваат филмови, се организираат предавања, свирки и читање поезија, а може да донесете и своја храна или пијалак. Единствено нешто што е забрането е алкохол.

Моментално во Русија има околу 200 анти – кафулиња, а Митин се надева дека ќе го повтори својот успех и во Велика Британија. Ако тоа му успее планира да се прошири и во Берлин, Париз и други големи светски градови.

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-6

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-4

anti-kafulinja-se-noviot-evropski-trend-3

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg