Зошто ни е толку тешко да се откажеме од чоколадото?
Тајландските истражувачи открија дека поединци уживаат во слатките повеќе отколку другите, само затоа што во нивните мозоци се испраќа порака која доведува до еуфорија при консумирање на чоколадото.
Наспроти нив, мозокот на другите луѓе реагира така што едвај реагираат на вкусот на овие слатки задоволства.
Како што истражувачите објаснуваат, додека ги прателе реакциите на мозокот кога им покажувале фотографии од чоколадо на испитаниците, откриле дека на слатката храна реаграат како на никотин и хероин.
Сепак, назначиле дека таа зависност не е нешто што не може да се откаже, туку само треба да се промени перцепцијата. Изгледа нашата "зависност" постои само во нашата глава...
Затоа, следен пат кога ќе видите фотографија од неколку слатки специјалитети, обидете се да одолеете најдобро што можете. Еве ви мал предизвик...