Балерина која танцува во 39-тата недела од бременоста (фото + видео)
Мари Хелен Боверс (34) е позната како инструкторка на ангелите на „Викторијас Сикрет“ и на Натали Портман кога ја подготвуваше улогата во филмот „Black Swan“.
Таа e и основач на балетското студио „Ballet Beautiful“, a претходно настапувала речиси една деценија со New York City Ballet.
Toa што откако останала бремена не престанала да вежба балет и да танцува, според неа, но и според нејзиниот доктор, претставува предност.
На тој начин ја одржува формата, кондицијата и телото. Таа навистина ужива и се чувствува одлично.
Целиот нејзин ангажман е поддржан и од докторот кој ја води нејзината бременост и смета дека тоа влијае многу добро и на неа и на бебето.
Среќна е што не ја прекинала својата рутина, па дури и нејзиното бебе учествува во неа.
Сето тоа дури ја инспирирало да почне да создава специјални вежби за трудници кои планира да ги воведе и за останатите кои сакаат да ја пробаат оваа техника.
Иако ова може да ви изгледа чудно и напорно, сепак се работи за лесни вежби, слични на јога и пилатес за трудници.
Погледнете ги фотографиите и видеото