Како да заштедите во сезоната на празници?
Никогаш не е касно да започнете со штедење. Само треба да знаете како. Еве неколку совети кои може да ви помогнат:
1. Направете листа на она што треба да го направите или купите, вклучувајќи ги и трошоците за украсни хартии и кеси. Задолжително напишете го и буџетот со кој располагате.
2. Барајте распродажби. Не се задоволувајте со првото место на кое ќе пронајдете интересен подарок без да разгледате. Бидете трпеливи и вреднувајте ги парите кои ќе ги заштедите, не и давајте предност на мрзеливоста.
3. Внимавајте на маркетинг триковите. Не паѓајте на подароците 2+1 гратис или некој сличен трик. Добро пресметувајте и споредувајте ги цените.
4. Сами направете ги подароците. Изработувањето подароци ќе ви заштеди пари, а ќе имате шанса да ги изработите со многу љубов. Вреди да се обидете да бидете уникатни.
5. Купувајте и подарувајте неколку дена подоцна или порано. Луѓето на кои знаете дека не им е важно времето, туку вниманието изненадете ги неколку дена пред или по празниците.