Што сè прави еден маж за да ја развесели својата болна жена? (фото)
Откако на Линда ѝ бил дијагностициран рак на градите, Боб почнал да прави интересни и смешни фотографии.
Облечен само во едно кратко розево здолниште и правејќи смешни пози на различни места.
Сето тоа со цел да ја насмее својата сопруга додека ја прима хемотерапијата .
- Кога Линда оди на третман таа ги зема овие фотографии со себе на нејзиниот телефон, ги гледа и се смее. Така полесно и побрзо ѝ поминува времето. – раскажува Боб.
Линда раскажува дека и другите жени околу неа на кои им ги покажува фотографиите исто така се забавуваат и се смеат.
После толку многу позитивни реакции, Боб знаел дека мора да продолжи да прави нови такви фотографии.
Тоа се претворило во цел проект кој се проширил насекаде.
Почнал да патува во други земји, да наоѓа начини за креативно фотографирање и секогаш само во краткото розево здолниште од тул.
Она што е најважно е пораката која произлегла од целиот проект и процес.
„Болеста ги научила дека животот е добар, а понекогаш знае да биде и многу тежок. Никогаш не може да биде совршено, но единствената добра работа со која може да си олесниме во тешките моменти е да се смееме со самите себе и насмевките да ги споделиме со другите.“
Погледнете го видеото за да видите како се одвива целиот проект
Погледнете какви луди фотографии направил Боб за својата Линда